Приведени малолетници затекнати во угостителски објекти по дозволеното време

Во контролирани пет објекти во Прилеп се приведени 14 малолетни лица кои биле присутни во угостителски објекти по дозволеното време, а кај еден малолетник е утврдено присуство на алкохол информираат од СВР Битола.

 

Акциската контрола во угостителските објекти била спроведена на 26 и 27 овој месец.

 

„Контролата е извршена во периодот од 23.30 до 03.00 часот во Прилеп, со цел санкционирање присуство на малолетни лица во угостителски објекти по дозволеното време, точење алкохол на малолетници и други прекршоци. По целосно документирање ќе бидат поднесени соодветни поднесоци“, велат од СВР Битола.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien