РК Прилеп почна со подготовки – ама без играчи!

Тимот на Прилеп, кој се бори за опстанок во Суперлигата, ги започна подготовките за новата сезона – ама без играчите, бидејќи на прозивката се појавиле само двајцата тренери – Пеце Велјаноски и Тони Димоски.

 

На тренинзите што се одвиваат во салата „Р.Р.Ричко“ во изминатите неколку денови се појавиле дел од ракометарите кои настапуваат во младинските категории, но сениорите се уште ги нема.

 

Ракометарите поставија ултиматум до раководството дека нема да играат доколку не бидат подмирени финансиските обврски кон нив и си го одржаа зборот.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien