Чист воздух, рекреација и многу забава на програмата за When in Krusevo – Winter is Here!

Од 8-ми до 10-ти февруари во Крушево ќе се одржи фестивалот на отворено „When in Krusevo – WInter is here“ со многу авантура, вкусна храна и забава.

 

Зимското издание на фестивалот вклучува: чист воздух, фото тура, рекреативна пешачка тура, можност за обука за скијање и санкање, зимски тандем параглајдинг, дегустација на превкусни крушевски специјалитети и луда забава.

 

Организаторите веќе ја објавија програмата за фестивалот и сите заинтересирани веќе можат да резервираат, а повеќе за програмата може да погледнете на следниот линк.

 

За градоначалникот на oпштина Крушево Томе Христоски ваквите настани ја придвижуваат локалната економија, но и ја збогатуваат туристичката понуда на Крушево.

 

„Овој настан ќе ја придвижи локалната економија, дополнително, со самото тоа што издавачите на соби, рестораните, пицериите и кафулињата се дел од настанот. Исто така, особено ми е драго што Крушево има иновативни и храбри луѓе што организираат вакви настани и ја збогатуваат туристичката понуда.“, порачува градоначалникот Христоски.

 

Неколку години по ред овој фестивал се одржува во летниот период, но почнувајќи од 2019 година се одржува и т.н. зимска верзија на фестивалот.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien