Избришани снимките од бегството на Груевски од Албанија

Снимките кои Албанија требаше да ги достави до Македонија за бегството на поранешниот премиер Никола Груевски не се доставени до македонското обвинителство, затоа што биле избришани соопшти денеска државниот јавен обвинител Љубомир Јовески.

 

Тој на денешната конференција одговарајќи на новинарски прашања изјави дека снимките не се обезбедени затоа што, според образложението што го добиле од Албанија, системот не можел да чува голем опсег на податоци и автоматски ги бришел снимките по извесно време. Со ова останува неодговорено прашањето за точната рута по која Груевски побегна од Македонија на 9 ноември минатата година.

 

Шпекулациите се дека Груевски побегнал од Македонија вечерта на 8 ноември кога влегол во Албанија најверојатно преку илегални премини. На 11 ноември, ја напуштил со автомобил на унгарската амбасада и со својот пасош ја преминал границата со Црна Гора на преминот Хани-Хоти. Од Црна Гора, исто така со помош на унгарски дипломати преку Србија стигна до Будеимпешта каде што доби и азил.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien