Македонија меѓу најкорумпираните земји во Европа

Македонија е рангирана на 93 место од вкупно 180 по Индексот на корупција во  годишниот извештај на Транспаренси Интернешнал што беше објавен денеска. Ова место Македонија го дели со Косово, Монголија и Панама.

 

Од максимални 100, Македонија добила 37 поени што ја става земјава меѓу најлошите во Европа според перцепцијата на корумпираност. Полошо рангирани се само Албанија (на 99 место во светот), Молдавија (117), Украина (120) и Русија (138).

 

За разлика од лани, Македонија има скок од 14 места и подобрување од два поени но и натаму е меѓу земјите кои се сметаат за држави со хибриден режим, односно држави во кои има елементи на автократски тенденции.

 

Како позитивна се оценува работата на Специјалното јавно обвинителство и учеството на граѓанските организации во креирање на политиките. А како препораки Транспаренси ги дава имплементацијата на законите и контрола на трошењето на јавните пари.

 

Од регионот, најмала перцепција за корупција има во Словенија (36 место во светот), по што следуваат Хрватска (60), Црна Гора и Грција (67), Бугарија (77), Турција (78), Србија (87) и Босна и Херцеговина (89).

 

Данска се најде на водечкото место, како најмалку корумпирана држава во светот, а на првите пет позиции се уште и Нов Зеланд, Финска, Сингапур и Шведска. На дното на ранг-листата, на последното место е Сомалија, а меѓу петте најкорумпирани држави се Сирија, Јужен Судан, Јемен и Северна Кореја.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien