Грција ќе го ратификува протоколот за НАТО до 8 февруари

Грција планира да го ратификува Протоколот за членство на Македонија во НАТО до 8 февруари, објави бриселскиот портал „Еурактив“ повикувајќи се на свои извори.

 

Според извори на „Еурактив“, официјалниот текст од протоколот за пристапување вчера бил усвоен и сега 29-те постојани членки на НАТО чекаат одобрување од своите земји за да го потпишат. Кога ќе биде потпишан, текстот ќе биде испратен за ратификација до парламентите на земјите членки на НАТО.

 

Ова значи дека Северна Македонија може да стане членка на НАТО на самитот во јули под услов другите држави ги забрзаат процедурите за ратификацијата. Сепак, треба да се нагласи дека процесот на ратификација обично трае една година.

 

Бугарија денес стана првата членка на НАТО која го ратификуваше Протоколот.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien