ОН: 40 мртви и 24.000 уапсени при немирите во Венецуела

Најмалку 40 луѓе се верува дека се убиени, а 24.000 лица се уапсени во немирите во Венецуела во последниве денови, информираат Обединетите Нации (ОН).

 

Портпаролот на ОН за човекови права, Рупер Колвил, изјавил дека 26 од жртвите се убиени од владините безбедносни сили, петмина при упад во нивните домови, а 11 загинале за време на кражби.

 

Во јануари, ширум земјата се уапсени 23.696 лица, што е најголем број уапсени лица во Венецуела во изминатите 20 години.

 

Немирите на улиците на Венецуела доаѓаат откако претседателот на Конгресот, Хуан Гаридо, се самопрогласи за привремен претседател на земјата на 23 јануари, поради незадоволството од претседателот Николас Мадуро. Само на тој ден биле уапсени 696 лица низ земјата, најголем број на уапсени во текот на еден ден во последните две децении.

 

Мадуро се соочува со сè поголеми критики откако освои втор претседателски мандат на изборите минатата година, кои беа бојкотирани од опозицијата и за кои тие изразија сомневања за масовни нерегуларности.

 

Мадуро е на чело на државата која претходниве години се соочи со огромна економска криза, која принуди милиони Венецуелци да се иселат од земјата, најчесто во другите држави од Јужна Америка.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien