Поставувањето на таблите со новото име ќе биде паралелно со двојазичноста

Државните институции ја чекаат ратификацијата на Протоколот за членство на земјава во НАТО во грчкиот парламент,  за да почнат со поставување на таблите со новото уставно име.

 

Седум дена по усвојувањето  на овој протокол, кој се очекува да се случи за најмногу десетина дена, надлежните министерства, државните органи и институции, јавните претпријатија и акционерски друштва во соственост на државата, ќе мораат да почнат со промена на називите. Рокот до кога тоа треба да го направат не е одреден, но постпаката почнува веднаш.

 

Предвидено е прво да се менуваат таблите на граничните премини и државната граница, на диплотамско-конзуларните претставништа и на влезовите на институциите.

 

Одредбите од Преспанскиот Договор ќе се имплементираат паралелно со Законот за употреба на јазиците, па освен со името Северна Република Македонија, сите државни таблите ќе треба да бидат испишани и на албански јазик.

 

Истото ќе треба да го направат и единиците на локалната самоуправа. Владата ќе формира и работни групи, кои ќе го следат целиот процес и ќе работат на негова имплементација.

 

Бошњаковски потврди дека документите кои се и за надворешна употреба, како личните карти и пасошите, ќе мораат да се сменат најдоцна за пет години, без разлика дали нивната важност е истечена и нивното повторно вадење ќе биде на товар на граѓаните.

 

Промената на документите, пак, кои се единствено за внатрешна употреба, како изводи, свидетелства, дипломи, ќе почне со отворањето на релевантното поглавје за преговори со ЕУ и мора да заврши најмногу пет години од тогаш.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien