Прилепчанец падна од градежно скеле

На 28.01.2019 година во 10.00 часот во СВР Битола, од Итна медицинска помош Битола било пријавено дека со тешки телесни повреди се здобил Д.Д.(40) од Прилеп во фирма на улица „Бурса“ во Битола. Тој, како претставник на друга фирма, со сопственикот отишол во фирмата на улица „Бурса“ да договорат работа.

 

Во еден момент, според пријавеното, качувајќи се на градежно скеле, се лизнал и паднал на подот. Тој бил пренесен во Клиничката болница Битола, каде му била укажана лекарска помош.

 

Увид извршила екипа од СВР Битола, во присуство на трудов инспектор.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи