ВИДЕО – До темел изгоре плевната на Гоце Тодороски од прилепското село Кутлешево, штетата е над 15.000 евра

До темел изгоре плевната на Гоце Тодороски од прилепското село Кутлешево кој пожарот кој се случил сииноќа околу 22.30 минути. Според неговата изјава изгореле 5.000 бали сено и 2.000 бали слама, штетата ја проценува околу 15 илјади евра. Вели сега најмногу му е страв бидејќи нема воопшто храна за 30 грла крави, 200 овци и 230 јагниња.

 

 

„Жената го забележа прво пожарот, станувај рече Гоце изгоревме. Станав прво ги пуштив кравите бидејќи во близина ми е шталата, имам 30 крави, го викнав веднаш едниот син, другиот не беше тука. Секундарно изгоре цела плевна каде имаше 5.000 бали сено. До плевната имаше слама 2.000 бали и таа изгоре. Дојдоа пожарникарите им се заблагодарувам што брзо дојдоа и го спасија другиот објект во близина, тука имам уште една плевна која сега се зачува. Сега немам никаква храна, а поседувам 30 грла крави, 200 овци и 230 јагниња. Барам од Агенцијата за поддршка на земјоделието да ми гии пуштат средствата за субвенции да прииберам храна“, истакна Тодороски.

 

Тој се сомнева дека пожарот бил подметнат бидејќи пронашол одредени траги, но незнае кој би можел да го направи тоа.

 

„Во текот на гаснењето луѓево приметија дека дојде непознато куче, некој мелез на полушарпланинец. Полицијата рече дека тоа било доказ и да го чуваме кучето, требало да се изнеси од селото и тоа само ќе се вратело од каде што дошло. Но сега полицијата не го изнесува кучето и не знаеме што да правиме. А трагата од кучето е најдовме, најдовме и траги од чизми. Се сомневам дека пожарот е подметнат и најверојатно прво плевната е испрскана со бензин или со нафта. Незнам кој би можел да биде, ниту сум со некого скаран, ниту сум борчлија“, додаде Тодороски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien