Данска планира да изгради европска Силиконска долина

Силиконската долина во САД со години беше многу познат проект кој покажува дека технологијата оди напред. Но, сега и Данска почнува сличен проект, „европска верзија“ на силиконска долина.

 

Данската влада гради девет вештачки острови наречени „Холмене“, во Балтичкото Море, во близина на брегот Хвидовир, кои што ќе бидат основата на овој проект. Проектот треба да биде завршен до 2040 година, а владата се надева дека оваа локација ќе привлече 380 компании.

 

 

Ова не е првиот обид на земјата да ги претвори индустриските региони во еколошки бизнис и станбени модели. „Копенхагенскиот модел“ бил започнат пред 30 години и е заслужен за трансформирање на градот од област со висока невработеност и опаѓачка индустрија во еден од најбогатите во светот.

 

За разлика од бизнисите што ги искористуваат ресурсите што придонесуваат за климатските промени, Данска се обложува на еко-пријателска иднина. Планира да ја изгради најголемата фабрика за отпад што треба да го претвори ѓубрето во доволно гориво за да се напојува 25 отсто од Копенхаген.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien