Заев: Еурокомпозит ќе има успешна трансформација

Еурокомпозит има перспектива и тврдам дека ќе има успешна трансформација, порача денеска премиерот Зоран Заев од собраниската говорница, одговарајќи на прашање на пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Ане Лашкоска, која меѓу другото прочита писмо од вработените кои бараат одговор кога ќе им бидат исплатени нивните побарувања.

 

Заев истакна оти се бараат соодветни понуди од компании, кои ќе ги покријат сите побарувања, како плати, придонеси и нагласи дека самите понуди се блиску до реалната состојба.

 

„Ако добиеме понуди од приватните компании, кои ќе ги покријат заостанатите побарувања на работниците за платите, придонесите за тие плати ќе ги прифатиме, ако не, државата има друга алтрернатива – да издвои три милиони евра и да ги плати тие обврски за да продолжи работата на Еуркомпозит“, рече Заев и додаде дека во интерес е фабриката да продолжи да работи и до ден денес од неа се набавуваат елеци, шлемови и друга опрема за МВР и МО.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи