ВИДЕО – Еурокомпозитовци : „Ако Заев е сериозен во своите намери тогаш барем засега нека ни ја плати само отпремнината“

Доколку премиерот Зоран Заев е сериозен во својата намера да му помогне на „Еурокомпозит“ тогаш нека оддели од 150 до 200.000 евра да ни ја плати опремнината, да видиме дека стварно мисли за Еурокомпозит и вработените. Ова го истакнаа поранешните вработени во Еурокомпозит кои денеска одржаа нов протест и ја блокираа крстосницата во Прилеп кај споменикот Карпалак.

 

 

„Сакаме прво да им се извиниме на граѓаниве за овој застој во сообраќајот, но бараме и тие да не разберат и нас во нашата ситуација. Вчера имаше поставено пратеничко прашање баш за проблемиве наши и одговор даде премиерот. Одговорот негов беше дека го помага и ќе го помага Еурокомпозит и понатаму, додека не излези од кризата. И во рок од еден месец најмногу, имало два стратешки партнери, од Турција и Србија, и ако во тој месец не се најде решение, владата ќе оддели 3 милиони евра со кои ќе се решат нашите проблеми со заостанати плати. Еве јас од овде би го замолил премиерот за еден знак на добра волја, во текот на идната недела да оддели барем 150-200 илјади евра и да ни ја плати опремнината, да видиме дека стварно се залага и мисли за Еурокомпозит и вработените“, вели Пеце Вељаноски, технолошки вишок во Еурокомпозит.

 

Поранешните вработени рекоа дека протестите ќе продолжат ии понатаму се до конечно решавање на нивниот проблем. Уште еднаш повторија дека Владата може да им ги исплати сите побарувња со зголемување на општествениот капитал во фирмата.

 

„Како што гледате протестиве наши продолжуваат. Максимално сериозно ни е сватена работата и решени сме до крај, не отстапуваме од нашите барања, иако премиерот на пратеничките прашања го вети тоа за еден месец, меѓутоа многу пати сме лажени. Не дека не сакаме да му веруваме, но треба да ја свати нашата мака, а маката ја знаете. Четири месеци сме оставени на милост и немилост. Фирмата во овој момент е без струја. Не знам како фирмата би овозможила средства ако не функционира, ако не работи, за во иднина да ни се исплатат и заостанатите плати и опремнината. Не гледам начин за тие средства да ни се исплатат доколку фирмата не функционира, затоа што сето тоа ни беше ветено од раководството на фирмата. Не дека е лесно да се најде решение, но ако сака Владата може да најде многу едноставно и брзо решение, со претворање на општествениот капитал да се зголеми и да може во секој момент Владата да ни ги плати придонесите. После кога ќе се продаде фирмата, од потенцијалните купувачи нека си ги наплати тие средства. Значи за да не страдаме вака по патиштава, се малтретираме, а за еден ден, преку ноќ Владата може да ни реши проблемот“, рече Цветан Бунтески, технолошки вишок во Еурокомпозит.

 

На протестот се приклучија и поранешни вработени кои заминале од фирмата пред неколку години, се тужат со неа но нема од каде да си ги наплатат побарувањата бидејќи сметката на „Еурокомпозит“ постојано била блокирана.

 

„Што станува и со нас кои заминавме порано, кои што имаме по илјадници евра неисплатени плата. На извршители ни се дадени, но не можеме да го извршиме тоа и да си ги добиеме парите. Ние сме работеле за тоа, не бараме ништо друго. Доста се овие фарси, доста се овие лаги, да не си играат повеќе со нас. Ако мислат да работат, ако мислат да правиме држава, нека работат. Ако не, нека воведат некое друго управување од надвор. Ова вака повеќе не оди. Јас од кого да ги барам парите, од извршителот? Од Еурокомпозит? Не можам од Еурокомпозит бидејќи сметката е секогаш блокирана. А другата фирма „Композитна опрема“ неа не можам да ја тужам, бидејќи била посебна фирма. А таа е сестринска фирма. Зошто не лажат, 5 години сум на извршител, а не сум само јас, има и пред мене други. Значи не сме само овие 300 тука, туку сме 1.300“, истакна Милан Глигороски, поранешен вработен во Еурокомпозит.

 

Се придружиија и оние кои добиле пензија, но поради неисплатените придонеси од 6.5 години таа сега им е многу помала од таа што требало да ја имаат.

 

„Работев години со овие колеги овде. Излегов технолошки вишок, пред пензија, 16 месеци и сега 5 години ми фалат стаж. Со 7.500 денари пензија сум. Работен стаж признат 27 години, 5 години непризнат, значи 32 години. Да го поздравам премиерот на лагите предизборни што ги кажуваше, да види колкава пензија земам јас со 32 години работен стаж, од кои 5 години непризнат. 2013 година, како и овие другари што се тука сите, неплатени плати, придонеси и ред други работи. Да биде запознат и да преземи мерки премиерот, бидејќи втор пат ќе нема шанса да го гласаме“, потенцираше Рафит Реџепоски, поранешен вработен во Еурокомпозит.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien