Помпео: САД од утре се повлекуваат од договорот ИНФ

Американскиот државен секретар, Мајк Помпео, објави дека САД од утре ќе го прекинат спроведувањето на Договорот за нуклеарно оружје со среден дострел (ИНФ), објави агенцијата „Ројтерс“.

 

Агенцијата пренесува дека шефот на Стејт департментот додал дека Вашингтон за шест месеци целосно ќе се повлече од историскиот договор постигнат во 1987 година, доколку Русија не стави крај на наводното кршење на истиот.

 

„Ројтерс“ потсетува дека Москва негираше кршење на договорот, со кој на двете страни им се забранува во Европа да поставуваат ракети со краток и среден дострел, кои се лансираат од земја.

 

Официјалниот процес за излез од договорот ИНФ трае шест месеци по објавата за прекин на соработката.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien