Четириесет и пет отсто од Русите сметаат дека земјата им е „на погрешен пат“

Процентот на Руси, кои веруваат дека нивната земја се движи во погрешна насока, е најголем од 2006 година и достигна 45 отсто, но тоа не претставува непосредна опасност за претседател Владимир Путин, кој сѐ уште ужива поддршка од над 60 проценти од сонародниците, е заклучокот на најновата анкета.

 

Според истражувањето, спроведено од страна на независниот центар Левада со седиште во Москва, 45 отсто од Русите веруваат дека нивната земја е „на погрешен пат”, додека 42 отсто од руските граѓани ја одобруваат насоката на Русија.

 

Резултатите од анкетата покажуваат дека во руското јавно мислење дошло до видлива промена во споредба со резултатите од истражувањето спроведено од пред една година, кога само 28 отсто од Русите оцениле дека нивната земја се движи во погрешна насока, додека 55 отсто од испитаниците го одобриле патот на Русија.

 

Иако овие заклучоци не го загрозуваат рејтингот на Путин, го покренуваат прашањето, како Кремљ може да го промени она што, според анкетите и независните и државните институти за истражување на јавното мислење, се покажало дека довело до пад на поддршката на рускиот претседател, откако тој беше повторно избран за лидер на земјата минатата година.

 

Државниот институт за истражување на јавното мислење минатиот месец рече дека довербата на јавноста во Путин е намалена на најниско ниво во последните 13 години, поради загриженоста за пад на приходите на домаќинствата и непопуларните владини мерки со цел зголемување на старосната граница за пензионирање и на даноците на додадената вредност.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien