Јане Ченто со писмо се извини на Управата на истражниот затвор во Шутка

Јане Ченто кој во моментов е во притвор во затворот во Шутка преку писмо се извинува на Управата за инцидентот кој се случи на 18 јануари, во кое ја признава грешката и вината но и бара прошка.

 

Лично ја прифатил одговорноста за постапката, која како што наведува во писмото, била резултат на неговото погрешно однесување и нуди извинување. Ченто во писмото упатува и барање да биде вратен во собата во која бил пред настанот со кој го наруши редот во затворот.

 

Управата ќе го разгледа барањето па ќе одлучи дали притвореникот ќе биде вратен во собата во која бил сместен пред да го предизвика инцидентот.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien