Идните амбасадори во тајност ќе ги бранат своите тези – седницата затворена за јавност

Facebook
Twitter
Email
Print

Седницата на собраниската Комисија за надворешна политика, на чиј дневен ред e бранењето тези на 10-мина идни македонски амбасадори во странство, е затворена за јавноста. Претседавачката на комисијата Ивана Туфегџиќ по отворање на седницата кажа дека поради тоа што некои амбасадори ќе изнесуваат класифицирани информации, според закон и деловник, седницата ќе биде затворена за јавност.

 

„Со оглед на реакциите на опозицијата и на новинарите околу затворената седница на комисијата за надворешна политика каде се презентираат тезите на 10 идни амбасадори од различни земји. Од Министерството за надворешни работи тезите од амбасадорите кои се пристигнати се квалифициран материјал. Од тие причини согласно деловникот ние мора да ја затвориме седницата бидејќи има степен на класификација“, рече на прес конференција Ивана Туфегџиќ.

 

Ова е прв пат амбасадорите да ги бранат тезите тајно. Во досегашната практика овие седници биле отворени за јавноста.

 

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во знак на револт ја напуштија денешната седница на Комисијата за надворешни работи, на која како што велат за прв пат во историјата на Република Македонија идните амбасадори својот завршен разговор го имаа на затворена седница без присуство на новинарите и јавноста.

 

„Ова не е ниту демократски, ниту транспарентно, ниту отчетно како што ветуваше СДСМ. Очигледно парламентарното мнозинство, на чело со СДСМ сака нешто да сокрие од очите на јавноста. Уште поскандалозно е што ова се случува во еден чувствителен момент многу брзо откако го спроведоа штетниот договор од Преспа“ пишува во соопштението од пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ.

 

На дневен ред на Комисијата се „Тезите за завршен разговор и упатување на должност на повеќе амбасадори“. Игор Џундев е предложен за  амбасадор и постојан преставник на меѓународните организиации во Виена, Горан Станчевски – амбасадор во Унгарија, Оливер Крлиу за амбасадор во Мадрид, Ненад Колев е предложен за амбасадор во Виена,  Абдулкадар Мемеди за  амбасадор  во Обединетите Арапски Емирати, Сузана Зеленковска за амбасадор  во Република Словенија, Екрем Ебиби за амбасадор  во Босна и Херцеговина, Рамадан Азифи за амбасадор во Сојузна Република Германија, Д-р Крум Ефремов е предложен за амбасадор во Украина, Мира Крајачиќ за во Кралството Шведска.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи