Луксузни бункери за преживување на апокалипса во срцето на Европа

Припадниците на елитата купуваат луксузни бункери под земја за преживување, отпорни на бомби бидејќи се плашат од масовни граѓански немири.

 

Компанијата која стои зад изградба на овој комплекс, Вивос, вели дека објектите се за “заштита на богати поединци” во случај на апокалиптично сценарио во кое “ќе исчезнат милиони или ќе се борат за опстанок”.

 

Најголемиот објект, со име “Европа 1”, се наоѓа во Германија и претставува една од најзначајните масивни подземни скривници за опстанок на Земјата, длабоко под планина, “и добро е обезбеден од јавноста, зад затворени и обезбедени ѕидови и непробојни врати”.

 

“Изграден во текот на Студената војна да издржи 20 мегатонски експлозии, се простира низ неколку километри, и може да прими до 80 луѓе, во траење од најмалку една година сосема автономно преживување, без потреба за излегување на површина”, се наведува во промотивната реклама за бункерот на сајтот на компанијата.

 

 

Новинарката Лим Парамор рекле дека посетила и некои други бункери на локации како Индијана, каде има поранешен комуникациски објект уште од Студената војна.

 

“Ова е за богатите луѓе кои се загрижени поради разни катастрофални сценарија, но заедничка тема меѓу нив е стравот од граѓански немири, страв од востание на оние 99%. Единиците во некои подземни скривници, кои исто така доаѓаат со годишни резерви на храна и вода, се движат веќе од 35.000 долари, но оние најлуксузните се продаваат за дури 3 милиони долари”, рекла Парамор.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи