ВИДЕО – Театарот во Прилеп се распаѓа, актерите работат во катастрофални услови – мувла, вода и стаорци

Глувци шетаат на сите страни, умираат скриени по кошињата, кога врне често пати тече вода во голем дел од просториите, последен пат пред 4 дена. А водата доаѓа во допир и со електричната инсталација. Таваните се урнати, ѕидовите испукани, прашина, нем и мувла на сите страни. Ова се катастрофалните услови во кои работат актерите во прилепскиот театар, кој што е изграден пред повеќе од 60 години.

 

 

„На секој работник треба да му се овозможат нормални услови за работа, за жал ние гии немаме. Овие не се ненормални туку се бизарни, вон секое нешто што е нормално стандардно. Повеќе од 50% од ансамблот кој работиме тука имаме сериозни здравствени проблеми. Кој што се резултат на промаите, прашините, мувлата. Ова е како да ви кажам извор на зараза. На се личи освен на театар и театарска зграда, ова е вистински кошмар. Според правилата и правата кои гии имаме како работници ние можеме апсолутно да престанеме да работиме, но дали тоа е поентата“, истакна Даниела Иваноска, актерка во прилепскиот театар.

 

„И покрај тие лоши услови кои ги имаме ние вадиме добри претстави и тоа не само тука туку и надвор од нашата држава. Најголемиот проблем е исто така на сцената, дува од сите страни, покривот горе е реновиран, покриен со некој лим, каде што навачер кога ги имаме претставите тоа горе сето тропа, нема никаква тишина, никаква акустика. Денски пак кога ќе погледнете нагоре покривот личи на едно големо решето“, рече Александар Тодески, актер во прилепскиот театар.

 

Во просторијата каде ги вежбаат текстовите се топлат на пампур направен од метално буре. Дел од инвентарот е стар скоро едeн век. Актерите велат дека жално е тоа што државата е нем сведок на оваа ситуација со децении.

 

„Во нашиот град се одржува еден од најстарите фестивали „Војдан Чернодрински“ и секоја година од целата држава доаѓаат министри, пратеници, разни работници во културата доаѓаат овде и незнам зошто досега и ним не им засметало кога влегуваат во оваа зграда, дали смрдеа, дали промаја, нешто кога гледаат претстава. Незнам зошто и тие никој не потегнал заради фестивалот ако не за нас кои играме тука, да се реновира како што треба театарот или да се направи нова зграда како што добијаа останатите колеги во нашата држава“, вели Наташа Ачански, актерка во прилепскиот театар.

 

До кабината за светло и тон се влегува преку тоалетот. За да стигнете до неа мора да поминете по импровизирани и крајно небезбедни скали и да ја погледнете сцена која наликува како на сцена од некој хорор филм. А додека пак за прашината смрдеата и промајата која се чувствува тука од сите страни тоа не можеме да го доловиме со слика или зборови.

 

Од 2004 година театарот во Прилеп не ни постои како институција тој е само дел од Центарот за култура.

 

„Не не почитуваат како театар, најмногу од Министерството и не добиваме ист третман како и останатите театри. Давам апел до Министерството да се разгледа тоа барање и да се најде некое решение за да театарот има своја институција“, кажа Димитар Црцороски, актер во прилепскиот театар.

 

За 10 години прилепскиот театар има освоено 5 греми награди на фестивалот „Војдан Чернодрински“ и уште многу на меѓународна сцена. Се смета за еден од најдобрите на Македонија. Конечно редно е државата да ги подобри условите во оваа зграда се до изградбата на нов тетар кој исто така се ветува со години.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи