Горивата од полноќ поскапуваат од половина до денар иполовина

Нафтените деривати од ноќеска по полноќ се зголемуваат од половина до денар иполовина, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

 

Според одлуката на Регулаторната комисија, цената на Еуросупер БС-98 се зголемува за 0,50 денари за литар и неговата нова цена ќе биде 63,50 денари за литар.

 

За еден денар поскапо ќе се продава Еуросупер БС-95 и Екстра лесното масло. Така, малопродажната цена на Еуросупер БС-95 ќе биде 62 ден/лит, а на Екстра лесното масло за домаќинство 48,50 ден/лит.

 

Дизелот се зголемува за 1,50 ден/лит во однос на цената утврдена пред две недели што значи дека од полноќ новата цена на дизелот ќе биде 60 ден/лит.

 

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 1,599 ден/кг и ќе изнесува 31,121 ден/кг.

 

Зголемувањето на цените на нафтените деривати се должи на покачената цена на суровата нафта на светските пазари и на повисокиот курс на денарот во однос на доларот во изминатиот 14-дневен период.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien