Проектил од рачен фрлач испукан во ТЦ Мавровка

Силниот звук кој синоќа предизвика паника кај луѓето околу трговскиот центар Мавровка кај скопски Битпазар во 1:30 часот по полноќ, всушност бил експлозија од граната испукана од рачен фрлач во едно од кафулињата. Жртви и повредени нема, а причинета е материјална штета.

 

„На 04.02.2019 околу 01.35 часот пријавено е дека во угостителски објект на бул. „Крсте Мисирков“ во Скопје, кој во тоа време не работел, бил испукан проектил од рачен фрлач. Повредени лица нема. Според пријавеното, оштетени се стакла од објектот, како и од околните дуќани. Извршен е увид и се работи на расчистување на случајот“, соопштија од МВР.

 

Дополнителни информации од МВР за јавноста не дадоа и остана нејасно дали е пукано од возило во движење и дали камерите во околината ќе покажат кој ноќеска со рачен фрлач пукаше во центарот на главниот град.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien