Обезбедување нападнало маж во казино во Прилеп

Обезбедување нападнало маж во казино во Прилеп, притоа нанесувајќи му тешки телесни повреди. Имено, според соопштението на СВР Битола, човекот додека играл на рулет апарат, изгубил пари и почнал да удира по апаратот, по што бил исфрлен надвор и физички бил нападнат.

 

Како што информираат од СВР Битола на трети февруари во 20.30 часот Б.П. (52) од Прилеп случајот го пријавил во Полициската станица Прилеп.

 

Прилепската полиција работи на расветлување на случајот.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи