„Фридом Хаус“: Македонија е делумно слободна земја

Facebook
Twitter
Email
Print

Македонија, како и во претходните 10 години, се уште се наоѓа во групата на делумно слободни земји – покажува најновиот извештај на Фридом Хаус.

 

Во извештајот под наслов “Демократија во повлекување”, на Македонија и е дадена оценка под златната средина за слобода на општеството, односно од максималната 7, Македонија е оценета со 3. Во делот за политички права оценета е со 4, додека во делот околу граѓанските слободи има оцена 3,5.

 

Со вкупен скор од 59 поени Македонија годинава се наоѓа во друштво на земји како Украина, Молдавија, Хонг Конг и Буркина Фасо.

 

Од земјите на западен Балкан, Македонија подобар резултат има само од Босна и Херцеговина и Косово, додека Србија од слободни влезе во групата на делумно слободни држави. Најдобро рангирана е Грција со 87/100, по што следат Хрватска 85/100, Романија 81/100, Бугарија 80/100, Албанија 68/100, Србија 67/100, Црна Гора 65/100, Македонија 59/100, Косово 54/100 и Босна и Херцеговина 53/100.

 

Од 196 држави во светот опфатени со извештајот, 86 се слободни, 59 се делумно слободни, а 50 не се слободни. Најслободни држави се Норвешка, Шведска, Финска, Канада и Холандија, а најмалку слободни се Сирија, Туркменистан, Еритреја, Јужен Судан и Северна Кореја.

 

„Фридом хаус“ оценува дека глобално слободата и демократија веќе 13-та година по ред има тренд на намалување. Пад има во разни земји во сите региони во светот, од долгогодишни демократии како што се САД, до цврсти авторитарни режими како Кина и Русија.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи