Папата призна дека свештеници сексуално злоставувале калуѓерки

Папата Франциско призна дека свештеници сексуално малтретирале калуѓерки, како и дека тоа сè уште се случува. Би-би-си објави дека папата рекол оти неговиот претходник Бенедик морал да згасне една целo собрание на калуѓерки кои биле силувани од свештеници.

 

Ова е првпат папата Франциско да признае дека свештеници сексуално малтретирале калуѓерки. Папата нагласил дека црквата се обидува да го реши тој проблем, но дека проблемот и натаму постои.

 

„Папата Бенедикт беше доволно храбар да укине едно цело женско собрание и тоа поради ропство во кое жените влегуваа во тоа собрание, ропство кое одеше сè до сексуално ропство и тоа од страна на свештеници или од самиот основач на редот“, рекол папата пред новинарите на Блискиот Исток.

 

Предупредил дека ова им се случува најчесто на новите калуѓерки во одредени региони.

 

Црквата си има проблем, а коренот на проблемот лежи во тоа што на жените се гледа како на луѓе од втора класа. Свештеници и бискупи имаат злоупотребувано калуѓерки. Црквата е свесна за скандалот и работи на него и голем број свештени лица веќе се суспендирани“, кажа тој по првата посета на еден папа на Арапскиот Полуостров.

 

Во ноември, глобалната организација на католички калуѓерки ја осуди политиката на молк и тајност, која им забранува јавно да зборуваат.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien