Српските факултети забрануваат мини здолништа, тетоважи и пирсови

Со цел да стават ред во однесувањето на своите студенти, многу факултети во Србија донесоа правила што младите академици мора да ги почитуваат. Причината за ова се поплаките на професорите дека студентките, според нивно мислење, на предавањата често доаѓаат непримерно облечени и разголени.

 

Забранени се мини здолништа и кратки фустани, кратки панталони и разголени деколтеа, односно облека која што може да поттикне сексуално вознемирување. пишува Телеграф. Најкраткото здолниште треба да биде 10 сантиметри над колена. Студентите исто така мора да ја сокријат тетоважата или пирсингот доколку ги имаат. Посебно се нагласува дека се забранети било какви политички обележја, како беџеви со ликови на лидерите на партии.

 

Филолошкиот факултет во Белград ги потсетува студентите дека треба да им кажат „Добар ден, Благодараме, Се извинувам и Повелете” на професорите.

 

Студентите кои нема да го почитуваат кодексот ќе бидат отстранети од превањата.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien