ВИДЕО – СДСМ Прилеп : Општина Прилеп секој месец ќе им субвенционира по 5 метри кубни од потрошената вода на 500 семејства

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, како предводник на локалната власт во општина Прилеп, со дела покажува дека грижата за граѓаните е секогаш во фокусот на нашето внимание. Особено, кога станува збор за нашите сограѓани од социјално ранливите групи. Истакнаа на денешната прес конференција од ОО СДСМ Прилеп.

 

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

„Вчерашните одлуки на општинскиот Совет за субвенцинирање на месечните трошоци за вода на социјално ранливи категории на граѓани, како и ослободувањето од партиципација на родителите од ромската етничка заедница чии деца престојуваат во градинка, се најдобар доказ за кажаното.

 

Имено, на предлог на градоначалникот Илија Јованоски и советничката група на СДСМ и коалицијата, на повеќе од 500 семејства од нашиот град кои се корисници на постојана парична помош, Општина Прилеп секој месец ќе им субвенционира по 5 метри кубни од потрошената вода. За реализација на оваа мерка, од општинскиот буџет се издвојуваат 1.500.000 денари, средства кои доколку се укаже потреба за тоа, со првиот ребаланс на буџетот ќе бидат зголемени.

 

Водиме грижа и за нашите сограѓани Роми. Сите граѓани од оваа етничка заедница, без исклучок, чии деца на возраст од 3 до 6 години престојуваат во некоја од градинките во градот или населените места, ќе бидат целосно ослободени од плаќање партиципација.

 

Социјалдемократскиот сојуз и коалиционите партнери градат едно општество за сите. Тоа секојдневно го докажуваме не само со зборови, туку и со дела“, истакна Елена Ташкоска, советник од СДСМ во Совет на Општина Прилеп.

 

На новинарско прашање дека ВМРО-ДПМНЕ ги обвинува за носење на популистички одлуки пред почетокот на кампањата за претседателските избори Ташкоска рече :

 

„За мотивите и обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ неможам да зборувам. Нашите мотиви се како што рековме секогаш ии секој момент е погоден да се излезе на нашите сограѓани. Впрочем избрани сме да најдеме начин како да помагаме на оние на кои им е најтешко, но сепак да водиме грижа и сметка со мерките што ги превземаме да не бидат загрозени и другите граѓани на Општина Прилеп“, додаде Ташкоска.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien