Крушево прогласено супербренд за туризам за 2018 година

Општина Крушево е бренд за 2018 година во областа туризам и е единствената општина која е дел од Супербрендс изданието. Крушево е избрано за супербренд во конкуренција на 1.200 компании, институции и организации со гласовите на над 5.000 потрошувачи и стручно жири.

 

Во рамките на промоцијата која се одржа на 7-ми февруари 2019 година во хотел Александар Палас во Скопје градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски го прими признанието и посочи дека во 2018 година Крушево има пораст од 70 отсто во бројот на туристи.

 

„Во споредба со 2017 година, во 2018 година Крушево има 70 отсто повеќе посетители и годинава во Крушево се одржува Светско првенство во параглајдерство“, изјави градоначалникот Христоски.

 

Христоски се заблагодари на организаторите на настанот и на Супербрендс и ги покани присутните да го посетат Крушево.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien