Шестмесечно бебе почина поради компликации од мали сипаници

Шестмесечно бебе од кумановско е првата жртва на морбилите во Македонија. Починало на клиниката за инфективни болести во Скопје, каде било пренесено од болницата во Козле. Како што информираше министерот за здравство, Венко Флипче, поради болеста бебето развило компликации на срцето и на белите дробови.

 

„За жал утрово на Клиниката за инфективни болести почина едно шестмесечно бебе кое имаше морбили. Имаше компликација на белите дробови, а тоа е детенце кое е невакцинирано. Претходно се лекувало на Институтот за белодробни заболувања кај децата – Козле, а потоа префрлено на Клиниката за инфективни болести. За жал лекарите не можеа да се справат со компликацијата“, рече Филипче.

 

На Инфективна, како што рече Филипче, уште две деца имаат сериозни компликации, односно воспаленија на белите дробови но виталните параметри им се стабилни и не се во животозагрижувчка состојба

 

Истакна дека добро е што над 60 отсто од невакцинираните деца по почетокот на епидемијата се вакцинирале и повторно повика родителите да ги вакцинираат децата.

„Искрено се надевам дека трендот на вакцинацијата ќе продолжи, затоа што е тоа единственото нешто кое треба и мора да се направи за да се подигне колективниот имунитет, по падот со опфатот во вакцинација некаде 2014 и за жал сега се соочуваме со последиците“, кажа Филипче.

 

Според календарот за имунизација, објавен на страницата на Министерството за здравство, вакцината за заштита од оваа болест се прима со навршена 12 месечна возраст.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien