ВИДЕО – Талески : Земјоделците да не стравуваат, ќе има доволно вода за наводнување од езерото во Прилеп

Вода ќе има доволно за наводнување во текот на 2019 година. Максималниот капацитет на вештачкото езеро во Прилеп е 6 милиони метри кубни вода, согласно ланските податоци би требало во текот на месец април да собереме 6 милиони доколку хидрометереолошките услови се покажат како лани, ако не ние во текот на една сезона на наводнување доволно ни е да имаме 3.5 до 4 милиони метри кубни за да имаме успешна сезона за наводнување. Ова го истакна раководиителот на „Прилепско поле“ Звонко Талески, по стравувањата на земјоделците дека оваа годиина нема да има доволно вода за наводнување на тутунот и по истите обвинувања од страна на опозицијата.

 

 

„ Моментално состојбата во акомулацијата е некаде околу 550.000 метри кубни вода и секојдневно и интензивно се зголемува. Значи анализите и искуството од претходните години во месеците февруари, март и април имаме зголемен доток на вода во акомулацијата и според тоа очекуваме и оваа година да имаме зголемен доток на вода во акомулацијата и се надеваме дека ќе имаме успешна сезона за наводнување 2019 година, односно ќе имаме задоволни водокорисници. Како илустрација претходната година во текот на месец февруари сме успеале да собереме вода во акумулацијата некаде околу 1.6 милиони метри кубни, а во текот на месец март околу 2 милиони метри кубни, во текот на месец април, односно на 13 април акомулацијата го достигнала максимумот, односно 6 милиони метри кубни, така да на 14 април започнато е прелевање на акомулацијата. Согласно на тоа се надеваме дека и оваа сезона ќе имаме успешна сезона за наводнување 2019 година“, рече Талески.

 

Целиот проблем настана кога лани во септември започна замената на темелниот испустен вентил и кога езерото беше комплетно испразнето во текот на есента.

 

„АД Водостопанство на Република Македонија, подружница Прилепско поле – Прилеп, по завршувањето на сезоната за наводнување 2018 година, поточно во текот на месец октомври, отпочна со реализација на проект за промена на темелен испуст на брана. Изведувањето на овој проект, темелен испуст на брана, е според задолжувањето од инспекцискиот надзор на државниот инспекторат за животна средина и просторно планирање, водостопански инспектор, спроведена во текот на месец јули 2018 година и континуирано неколку години уназад. Градежните активности се во целост завршени, а монтажата на хридомеханичката опрема требаше да се дозаврши во текот на месец јануари. Во средината на месец јануари хидролошката состојба доведе до зголемување на дневните и ноќните температури, така да дојде до нагло топење на снегот од сливното подрачје на езерото и зголемен доток на вода во акумулацијата. Изведувач на овој проект е фирмата Жикол, а надзор е градежен институт на Македонија. Сите инволвирани страни, значи изведувачот, надзорот, инвеститорот и корисникот, донесоа одлука согласно хидрометереолошките услови да се сопрат активностите и истите продолжат после завршување на сезоната за наводнување 2019 година, односно во текот на месец октомври 2019 година, со цел водокорисниците да бидат задоволни и да имаме успешна сезона за наводнување во 2019 година“, додаде Талески.

 

Талески нагласи дека АД Водостопанство на Македонија, подружница Прилепско поле, егзистирала и осптојувала иисклучиво со самофинансирање. Што значело во нивни интерес и интенција било да имаат што повеќе комерцијални договори со корисниците, а со оглед на тоа треба да имаат што повеќе вода акумулирано и да имаат што можно повеќе наплата.

 

„ Се финансираме со наплата на фактури од комерцијални договори за наводнување, решенија за одводнување, а некои подружници и со продажба и сепарација на песок. Значи интересот наш е да се собере што повеќе вода и на тоа поле работиме, ги користеме сите можни средства и активности да собереме што е можно повеќе вода во акомулацијата, за успешна сезона и задоволни корисници. Максималниот капацитет на езерото е 6 милиони метри кубни вода, согласно ланските податоци би требало во текот на месец април да собереме 6 милиони доколку хидрометереолошките услови се покажат како лани, ако не ние во текот на една сезона на наводнување доволно ни е околу 3.5-4 милиони метри кубни за да имаме успешна сезона за наводнување. Во текот на сезоната за наводнување 2018 година имаме потпишано некаде околу 2.800 договори за навноднување со водокорисници. Наплатата е на високо ниво, околу 80-85% наплата. Кај нас природата на нештата е таква да основна култура е тутунот, а со земањето на средствата за субвенции тогаш ги извршуваат и уплатите“, рече Талески.

 

Дали ќе има вода или не, сепак најмногу ќе зависи од врнежите. Новиот вентил кој што го направи целиот проблем сега ќе се поставувал во октомври. Инаку овој проект се изведува преку грант на УНДП тежок 9 милиони денари.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien