ВИДЕО – Во Прилеп се одбележа празникот „Свети Три Светители“ – патрониот празник на бакалите

Со божествена литургија со која чиноначалствуваше Миитрополитот Преспанско – Пелагониски, Владиката Петар, а на која учествуваа и владициите Г. Иларион Митрополит Брегалнички и Г. Јосиф Митрополит Куманосвко-Осоговски, денеска во Прилеп беше одбележан празникот „Три Светители“, кој пак е патрон празник на бакалскиот еснаф во градот. Според кажувањата на иницијаторите на оваа слава, одбележувањето на овој ден кај бакалите во Прилеп започнало уште во далечната 1953 година. Годинава домаќин беше Петре Петроски, која ни раскажа кога и како започнал да се одбележува овој ден кај прилепските бакали.

 

КРАТКО ВИДЕО ОД ДЕНЕШНАТА ЛИТУРГИЈА И ИЗЈАВИТЕ НА ДОМАЌИНИТЕ.

 

 

„Пред се да го честитам празникот Три светители до сите верници. Како и сите така и јас ланска година прифатив да бидам домаќин, бидејќи оваа традиција трае од 1953 година. Еден од добрите настани е во сите досегашни бакалски денови. Еснафот го поддржува сето ова чествување, јас како верник исто така прифатив да бидам домаќин, сметам дека покрај сето, и фамилијата и сите ние ќе имаме еден благодет, една среќа за сите нас. Денес на овој ден, после ова одиме кај сите бакали и ги покануваме за во сабота, имаме вечера, а во недела имаме ручек, така да кој сака да дојди во сабота, а кој сака во недела. Одиме на манастир Света Петка во Лениште. Таму ни е организирано како и секоја година, имаме добар ручек и вечера за сите. Добредојдени се сите, како од нас бакалите, така и општо од народот. Денес во црквата даваме свечен ручек за владиците кои денес ја вршат службата, а имаме и некаде од 100 до 150 гости. Како и секоја година, традицијата ја задржуваме“, истакна Петре Петроски, годинашен домаќин за денот.

 

Петре Петроски, годинашен домаќин ( лево )  и Здраве Петрески, иден домаќин ( десно )

 

В година домаќин ќе биде Здраве Петрески. Петрески потенцираше дека ваква уникатна бакалска традиција нема во ниту еден друг град во Македонија.

 

„Во Прилеп порано имаше околу 200 бакали, сега некаде 50 максимум. Традицијата полека изумира, се отвораат големи маркети и ги уништуваат малите. Ми беше чест да прифатам, 50 години и повеќе трае и не сакам да изумри традицијата и оваа традиција се прави исклучиво во Прилеп и во ниту еден друг град. Младите бакали ја прифаќаат, но некако тешко. Уште немаат размислено доволно дека треба да се продолжи. Затоа ние постарите уште прифаќаме и ја водиме традицијава за да не изумри. Овој ден, Три светители е денот на бакалите и тој се одржува традиционално многу години и јас мислам дека и понатаму ќе продолжиме да се бориме за да опстане, да не изумри. Денес во домот овде се дава ручек, има литургија, има тројца владици дојдено и 6 попови, а денес после ручекот одиме кај новиот домаќин. Во сабота во Лениште во Света Петка имаме ручек и ги покануваме сите верници и другите граѓани кои сакаат да присуствуваат да ни направат чест, да се одржи ова, да остани традиција“, додаде Здраве Петрески, иден домаќин за денот.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien