Знамето на НАТО кренато пред македонската влада

Знамето на НАТО беше кренато денеска на свечена церемонија пред зградата на Владата, откако земјите членки на овој сојуз, преку своите амбасадори во Алијансата, минаатата среда го потпишаа во Брисел пристапниот Протокол за нашата земја.

Церемонијата започна со интонирање на македонската химна, а со интонирање на химната на НАТО, знамето на Алијансата беше подигнато на јарболот веднаш до државното знаме.

 

Пред присутните гости, македонски официјални претставници, поранешни премиери, претставници од штабот на НАТО во земјава, амбасадори од земјите членки во овој сојуз, говор одржа премиерот Зоран Заев.

 

„Денеска го креваме знамето на НАТО, што заедно со европското и со нашето ја одредува иднината, и тоа не само нашата, туку и на нашите поколенија. Тоа не е само симболика, туку реалност. Тоа е нова страница во нашата историја“, рече Заев.

 

Тој се заблагодари на сите претходни претседатели на државата за заложбата и за работата, на пратениците и на АРМ, на новинарите за поддршката, на министрите за надворешни работи на Македонија и Грција Никола Димитров и Никос Коѕијас кои преговараа за Договорот кој го отвори патот на Македонија кон евроатлантските интеграции. Исто така Заев се заблагодари на грчкиот премиер Алексис Ципрас за неговата одлучност и пријателство.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien