ВИДЕО – Еурокомпозитовци : Заев на приватни винарии им ги простува долговите со буџетски средства, а не сака да го реши проблемот со државна компанија

Вработените во Еурокомпозит кои заминаа технолошки вишок денеска повторно го блокираа булеварот „Гоце Делчев“ во Прилеп, со повторување на старите барања исплата на заостанатите придонеси, плати, како и отпремнината. Досега имаат земено само 30.000 денари отпремнина, а последните 5.000 денари ги добиле вчера. Треба вкупно да добијата по околу 90.000 денари за отпремнина.

 

 

„Едно не ми е јасно, како може премиерот на приватни винарии да им ги простува долговите со буџетски средства, тоа се наши народни пари, да ги обештетува лозарите, а ние државна фирма, под капата на владата не тера вака да протестрираме. Тоа е како јас да имам земено кредит, рата да не плаќам, а на комшијата да му ја плаќам ратата. Не знам до каде мислат вака да одат“, истакна Жарко Талески, поранешен вработен во Еурокомпозит.

 

Вработените го потсетија премиерот на ветувањето дека ако не се реши проблемот со крајот на февруари, од државата за Еурокомпозит ќе биле одделени 3 милиони евра.

 

„Во вакви временски неприлики ние повторно сме излезени на протест, си ги бараме нашите права. Барањата остануваат исти, придонесите неплатени за 6 ипол години, заостанатите плати и опремнината. Вчера пуштија по 5.000 денари, вака ако одиме по 5.000 за 2-3 години ќе завршиме работа. Сакам од ова место да го потсетам премиерот на јавно кажаниот збор од Собранието на Република Македонија, каде кажа дека во рок до крајот на февруари ако не се најде купувач за фирмата, дека ќе интервенира од буџетот со 3 милиони евра, ова се негови зборови, и дека прашањето на Еурокомпозит за сите побарувања што ги имаме, по сите основи, и пензионери и ние, да се реши. Дали ќе остане доследен, еве февруари крајот е уште 2 недели, ќе видиме“, рече Пеце Вељаноски, поранешен вработен во Еурокомпозит.

 

Еурокомпозитовци порачаа дека протестите продолжуваат и понатаму се до конечно решавање на нивниот проблем.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien