ВИДЕО – Трибина во Прилеп : Со легализација на рекреативната употреба на канабисот Македонија годишно би заработувала и по 300 милиони евра

„Економските потенцијали од легализацијата на рекреативната употреба на канабис во Македонија“ беше темата на трибината која денеска се одржа во Прилеп, во организација на граѓанската организација „Бивиум“ од Штип  со поддршка на НВО „Театарска Работилница“ од Прилеп. Според организаторите на настанот доколку Македонија ја легализира марихуаната тоа ќе значело огромен економски бенефит за државата, како отворање на нови комапании, отворање на нови работни места, плаќање на придонеси, но и нов даночен прилив за државата. Целта на оваа кампања била да се зголеми свесноста кај јавноста, владата и бизнис секторот од придобивките на канабисот.

 

 

Во моментов само треба да се зголеми свесноста кај бизниис секторот и кај Владата дека натпреварот во овој сектор на светско ниво е отворен и треба да се вклучиме што е можно побрзо. Пречки се тоа што рекреативната употреба на канабисот во моментов е нелегална, потребна е политичка волја на Владата да го прифати ова како составен дел од националната економија и да се изнајден соодвтено правно решение, закон и соодветен бизнис модел како да профитираме најдобро како општество“, истакна Филип Секулоски, НВО „Бивиум“.

 

Светскиот пазар за канабис во 2018 година изнесувал 12 милијарди долари, со проценки дека истиот ќе достигне неверојатна вредност од 140 милијарди евра во 2025 година. По однос на вработувања, во секторот работат повеќе од 160.000 луѓе. Проекција е дека во 2021, ќе работат над 400.000 вработени. Според НОВ секторот на среден рок Македонија годишно од производството на канабис за медицински и научни цели, како и од производството за рекреативна употреба би можела да има годишен прилив од околу 300 милиони евра.

 

На среден рок би рекол дека Македонија во двата сектори и медицинската и рекреативната употреба може да достигне до 300 милиони евра годишно, што е значителен придонес, но тие средства понатаму би се прелеале и во другите сектори. Секторот канабис е поливалентен сектор, сектор кој задира и во земјоделието и во туризмот. Во туризмот имаме производство на зелена маса, потоа имаме можност за развој на кондиторската индустрија, но исто така има голем простор во делот на развој на туризмот. Самата можност дека една држава има опција за легална конзумација на канабис отвора можност за развој на тој канабис туризам, нешто што е доста развиено во Северна Америка, во 10-те сојузнии држави на САД и Канада. За пример би ја зел Холандија која е синоним за слободно користење на канабис. Она што е интересно е дека тие немаат правно решение, немаат закон туку имаат само добра пракса“, додаде Секулоски.

 

Во 2016 година со измена на Законот за опојни дроги и психотропни супстанции се дозволи производство на канабисот за медицински и научни потреби. А со тоа Македонија се вројувала во една од ретките држави кои воопшто иимаат такво законодавство. Тоа пак давало оптимизам дека можело да се изнајде и правно решение за легализирање на рекреативната употреба на марихуаната.

 

Она што го дозволува законот од 2016 година, законот за контрола на опојни дроги е производство на канабис за медицински цели. Во Македониија во моментов има 16 компаниии кои произведуваат и преработуваат канабис за медицинска и научна употреба. Додека терминот рекреативна употреба значи конзумирање на канабис без претходно утврдување на некаква дијагноза, значии не мора да сте болен за да конзумирате канабис, тоа е едноставно стил и начин на живот кај одреден дел на светската популација и тоа е право на секој да користи канабис без да докажува дека има одредена дијагноза. Со законот од 2016 година нашата држава потврди дека ова растение има здравствен бенефит врз луѓето, значи не станува збор за морал или етика по тоа прашање, туку отворање на нов бизнис сектор во нашата национална економија“, кажа Секулоски.

 

Според организаторите доколку се легализира производството на канабисот за рекреативна употреба, голем број семејства кои сега едвај преживувале во текот на месецот ќе можеле да си обезбедат пристојна плата од одгчедувањето на само неколку садници.

 

Во тој контекст сметам дека социјалната придобивка е многу важна. Исто така јас како визионер сум изненаден како една гранка може да направи огромна промена. Замислете едно семејство каде што има двајца невработени, повозраснии социјални случаи кои живеат со по 3.000 денари месечно или сега еве по ново со по 10 или 12.000 денари месечно, кои средства не се доволни за одржување на семејството.Сега наеднаш во текот на една година ќе може да си плати придонеси, да добива плата од 30 или 40.000 денари, да и плати данок на државата. Замислете дека сите невреботени во една година можат да заработат за себеси од 3м до 5.000 евра со садење на неколку сребла кои што не бараат никаков труд. Замислете кој труд за истата сума треба да го даде некој земјоделц кој одгледува тутун. 6 евра е кило тутун со субвенции на државата, а 600 евра е кило зелена маса канабис на црниот пазар. Во тој контекст има голем простор и за државата и за социјална придобивка. Исто така важно е да се каже дека во земјиите каде што е легализирана или декриминализирана употребата, дека се намалува криминалот и се намалува употребата“, рече Игор Трпчески, НВО „Театарска работилница“.

 

Учесниците на трибиината и организаториите вопшто не сметаат дека употребата на канабисот е штетна, туку напротив дека тоа растение има лековите својства, а луѓето коии го конзумиираат не треба во никој случај да се сметаат за наркомани.

 

На пример познати се еден куп работи дека алкохолот носи смрт, дека цигарите носат смрт, но никој не се предозирал од марихуана. Тоа е невозможно да се предозираш од ваква билка. Од нане никој не умрел, можеш да пиеш чаеви колку сакаш. Дали има некој медицински докажано дека марихуната има негативнии последици, нема. За алкохолот има, за цигарите има. Има само стигма дека луѓето кои користат марихуана се наркомани или болни, што не е така. На пример алкохолот е дозволен, дали сме сите пијаници, не. Цигарите се дозволени, дали сме сите пушачи, не. Тоа е избор, зошто некој да биде обвинет затоа што пушел по една цигара канабис на ден“, додаде Трпчески.

 

Вакви трибини било планиранио да се организираат и во другите градови во Македонија.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien