МНР ги достави вербалните ноти до ОН и меѓународните организации за новото име на државата

Министерството за надворешни работи ги достави вербалните ноти до Обединетите нации (ОН) и другите меѓународни организации со кои информира за настанатите промени со името на земјава.

 

„Република Северна Македонија согласно обврските од Конечната спогодба ги достави трите вербални ноти: Вербална нота од Постојаната мисија до Протоколот на ОН, Вербална нота од Постојаната мисија до земјите членки и земјите набљудувачи на ОН и Вербална нота од Министерството за надворешни работи до сите меѓународни, мултилатерални и регионални организации, со кои се информира за настанатите промени“, информира Министереството за надворешни работи.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien