Прилепчаните Маријана Ѓорѓиевска и Владимир Јованоски се искачија на Аконкагва

Прилепчаните Маријана Ѓорѓиевска и Владимир Јованоски се искачија на Аконкагва, највисокиот врв во Јужна Америка кој се наоѓа во Аргентина. Ова втор сумит кој Владимир и Маријана го искачуваат за само една година, по ланското искачување на највисокиот врв во Европа, Елбрус.

 

„На Аконкагва се искачивме вчера ( 15.02.2019 ) во околу 11 часот по локално време. Од камп 3 тргнавме во 2 часот по полноќ. Истиот ден се спуштивме во камп 3 – Колера на 5.970 мнв. Денес околу 12 часот се симнавме во базен камп на 4.300 мнв. Супер се чувствуваме“, вака кратко ни одговорија Маријана и Владимир.

 

Повеќе детали околу искачувањето, како и фотографии очекуваме за брзо. 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien