ВИДЕО – Се прикажа премиерата „Грчки митови… и уште нешто“ на најмалата група од „Чин 4 Сцена 5“

Синоќа со почеток во 20 часот во киното „Мис Стон“ најмалата група од училиштето за театар „Чин 4 Сцена 5“ ја прикажа својата најнова претстава „Грчки митови… и уште нешто“.  Ментор е Димитрина Мицкоска, а играа Андреј Чатлески, Ева Кироваков, Христина Мојсоска, Мила Ристеска, Елена Трајкоска, Мина Јолеска, Петар Јошески, Јована Китаноска, Милан Димоски, Теона Галеска.

 

 

„Станува збор за најмалата група кои се на возраст од 6 до 8 години, прв пат имаме ваква одделена група, претходните беа од 6 до 12 години, сега ги поделивме од 6 до 8 години и од 8 до 12 години. Се покажа дека е потребен поголем труд и повеќе работа со оваа група, меѓутоа дечињата работат со голема љубов, го сакаат ова се вредни и покрај училиштето и домашните обврски. Дел од нив не ни знаат да читаат, но во рекордно време го научија целиот текст и еве денес тигнавме до крајниот резултат претставата „Грчки митови… и нешто друго“. Ги учиме грчките митови, преку нив децата учат за добри и лоши особини, за вредностите. Јас сум многу задоволна од оваа претстава, дечињата се исто така задоволни од постигнатото“, изјави менторот Миицкоска.

 

 

Инаку парите од влезниците на оваа претстава веќе се донирани за посебните паралелки во ООУ „Климент Охридски“.

 

 

Другата група пак од 8 до 12 години паралелно и таа работи на уште една претстава која се очекува наскоро да биде прикажана.

 

 

ТУКА МОЖЕ ДА ЈА ПОГЛЕДНЕТЕ ЦЕЛАТА ПРЕТСТАВА „ГРЧКИ МИТОВИ… И УШТЕ НЕШТО“.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи