ВИДЕО – Еурокомпозитовци : Го потсетуваме премиерот Заев дека тој лично вети решение на проблемот до февруари

Поранешните вработени во „Еурокомпозит“, кои заминаа како технолошки вишок денеска повторно одржаа мирен протест во центарот на Прилеп. Остануваат на своите барања и со протестите се до конечно решение на проблемот, а тоа е исплата на заостанатите плати, придонеси и отпремнината. Уште еднаш повторно потсетија дека премиерот Зоран Заев кој лично им ветил дека овој месец конечно ќе го реши проблемот со Еурокомпозит.

 

 

 

 „Премиерот Зоран Заев вети решение на проблемот до крајот на февруари или да се продаде фабриката или да се одделат средства од буџетот за да се заврши оваа голгота. Уште една недела остана од месецот, засега нема ништо од тоа. Ќе продолжиме со протестите се до конечно решение на проблемот, како заостанати плати, придонеси и отпремнината. Вторите 24 мииа кои заминаа како технолошки вишок имаат земено само по 5.000 денари за отпремнина, а ние останатите по 30.000. Треба да земиме по околу 90-тина илјади денари. Од последниот протест во средата никој се нема јавено. Му се јавив на градоначалникот, рече дека ќе се видел со Заев и со Анѓушев. Сектерката сабајле ми реќе дека ќе се јавела ако имало нешто. Досега не се јави, веројатно нема воопшто да се јави“, истакна Пеце Вељаноски, технолошки виишок.

 

Поранешните вработени истакнаа дека очигледно било дека раководството на фирмата не може да ги исплати зостанатите отпремнини, плати и придонеси без интеревенција на Владата.

 

„На работа останаа 80-тина вработени од кои само 20-тина производни работници, другото е сето непроизводни работници. Може сега да замислите како е 20 мина да работат, а да има 50-тина административци. Ново вработени има 5-6 мина млади. Тие кои заминавме имаме сознанија дека 10-тина до 15 мина повторно се викнати, како им плаќа не знаеме. Очигледно е дека фирмата се бори за опстанок, ниту за тамошните вработени не може да обезбеди ниту здраство и редовна плата, па камоли за нас да оддели. Очигледно е дека купувач за фирмата нема. Скоро 2 години не лажат дека најдени се купувачите, премиерот како што знаете до крајот на месецот рече дека ќе интервенира со буџетски средства ако не се најде потенцијален купувач. Еве ќе почекаме уште една недела да видиме“, кажа Цветан Бунтески, технолошки вишок.

 

Денеска обвинија за незаконски дејствија на сегашното раководство на фирмата бидејќи според нивни сознанија директорот со некаков договор на дело повторно вратил на работата 20-тина мина од тие што заминале како технолошки вишок.

 

„Ние имаме сознание дека дел од нашите колеги ги повика директорот да работат за дневница од 750 денари за 20 дена. Парите им ги пушти претходно, прво пари па да работат. Ние бевме во трудова инспекција ги прашавме дали смее да се работи со договор на дело, тие ни одговорија дека не смее, освен ако се стават во мирување примањата кои ги добивате од трудот. Затоа сега јавно ја повикуваме трудовата инспекција и Министерката за труд и социјала Мила Царовска да проверат и да видат како луѓето работат на незаконскии начин. А овие ги лажат дека ќе добијат и од трудот и од таму“, рече Борко Томески, технолошки вишок.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи