ВИДЕО – ВМРО-ДПМНЕ Прилеп : Дали позади промената на името на државата и народот се наговестува и промена на името на јазикот

Денес е светскиот ден на мајчиниот јазик  21 февруари, една тешка недоумица се испречува пред македонскииот народ и нашиот со векови создаден литературен стандарден јазик. Велат еден народ не исчезнува се додека зборува, чувствува и мисли на својот мајчин јазик.

 

 

Пресот го пренесуваме во целост.

 

„Меѓутоа дали позади промената на името на државата и народот што во неа живее се наговестува и промена на името на јазикот и народот ?

 

Македонскиот јазик беше официјализиран со Решение на првото заседание на АСНОМ ( 2 август 1944 година ) за воведување на македонскиот јазик  како службен јазик во македонската држава.

 

Понатаму со Решение на Президиумот на АСНОМ од 5 мај 1945 година и за македонската азбука : со официјално усвојување на македонскииот правопис – 7 јуни 1945 година.

 

За жал во Македонија имаме ненародна власт, која со катасрофалниот антидржавен договор со Грција се откажува од заложбите и одлуките на АСНОМ со кои се дефиниира македонската држава и нашето јадро. Имаме власт која наместо да поддржува долгогодишни културни програми и манифестаци, коии директно се поврзуваат со битисувањето на Македонецот, распрњеделчува средства преку Министерството за култура со коии се разорува она што го наследивме од минатите генерации.

 

Сведоци сме на големи и непромислени чекори во поглед на рушењето на се што е македонско, македонската историја, македонскиот идентитет и интегритет, а со тоа се подразбира се поткопуваат и темелите на мајчиниот јазиик.

 

Комисиите кои работат на промена на македонската историја, во соработка со Бугарија и Грција, се уште еден доказ за откажувањето од македонските револуционери, дејци, учители, кои го трасираа патот по кој треба да чекориме.

 

Воведувањето на двојзичноста на цела територија на еден шверцерски начин со погазување на Уставот и законите, истовремено значи и фрлање во сенка на сопствениот јазик, на сопственото сонце што треба да не грее, се додека не има.

 

Затоа почитувани нека ни е честит светскиот ден на мајчиниот јазик, само да не дозволиме да се заборави дека нашиот исконскии со жртви платен, мајчин јазик за навек ќе биде македонскии јазик и неговото кирилско писмо“, велат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien