Христијан Петрески е нов спортски директор на Победа

Поранешниот фудбалер на ФК Победа, Христијан Петрески е назначен за нов спортски директор на прилепскиот прволигаш, информираат официјално од клубот.

 

Со одлука на Бордот на директори на Победа, Петрески доаѓа на испразнетото место спортски директор во клубот. Тој досега ја извршуваше функцијата технички секретар во ФК Победа.

 

Петрески е дете на Победа, ги мина сите клупски категории од пионерска до сениорска конкуренција, а беше и капитен на црвено-белите.

 

Како што е познато, Победа во моментов е и без претседателот на клубот по оставката пред три дена на Небојша Стојковиќ.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien