Миле Јанакиески претепан во Шутка, Спиро Ристовски нападнат

Миле Јанакиески, поранешен министер и осомничен дека бил организатор за насилниот 27 април, денеска бил претепан во истражниот затвор Шутка, каде отслужува 30 дневен притвор. Нападнат бил и Спиро Ристовски, кој исто така од синоќа е во притвор во истражниот затвор.

 

Неофицијално, нападот се случил за време на редовната едночасовна прошетка во дворот на затворот, а расправијата и физичката пресметка настанала со осуденици од „Диво Насеље“. По настанот двајцата биле прегледани и однесени на лекар, што е потврдено и од градската болница во Скопје, Осми септември.

 

Инаку, Спиро Ристовски и Миле Јанакиески од синоќа се во 30 дневен притвор бидејќи Обивнителството ги сомничи декла се дел од петмината кои ги организирале насилствата во Собранието на 27 април, пред две години.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien