ВМРО ДПМНЕ го замрзнува учеството во процесот „Жан Моне“ – бараат Јавен обвинител по предлог на опозицијата

Facebook
Twitter
Email
Print

По вчерашното апсење на Трајко Вељановски, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, ВМРО-ДПМНЕ се закани дека нема да ги гласа реформските закони. Координаторот на пратеничката група на оваа партија, Никола Мицевски, придружен од сите пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, од прес центарот на Собранието извести дека донеле одлука да не учествуваат понатаму во процесот Жан Моне, од каде потекнуваат сите реформски закони коишто се бараат од Европската Унија.

 

„Целосно респектирајќи го процесот, но имајќи ги во предвид ненормалните околности наметнати од Владата и власта на СДСМ во која се монтираат случаи, сослушуваат пратеници, се кршат процедури, ние го замрзнуваме нашето учество во процесот на Жан Моне, не затоа што не се согласуваме со целите на нашите меѓународни партии, туку затоа што власта создава ненормални околности за работа“, рече Мицевски.

 

Мицевски обвини дека заедно со Вељановски вкупно стануваат 8 барања за одземање имунитет на пратеници од опозицијата, а веќе една четвртина од нивната пратеничка група е под некоја истрага. Според него сите овие процеси се политички и неосновани, затоа побараа избор на нов Јавен обвинител по предлог на опозицијата.

 

“Без ниту еден аргумент да се притворат лица со образложение дека доказите не смееле да се кажат заради истрагата е срамно. Во оваа држава веќе никој не верува во институциите под команда на Зоран Заев. Јасно е дека тројцата се жртви на безочната желба за политичка одмазда која е производ на паниката на власта. За само неколку месеци во ова Собрание се спроведуваат 7 постапки за одземање на имунитет на пратеници и уште едно кое е во најава. Сите пратеници доаѓаат од опозицијата. Ова не може да се сфати никако поинаку освен за политичка пресметка со опозицијата“, изјави Мицевски.

 

За последните апсења, тој обвини дека се директно рушење на предизборниот амбиент и преставува директна закана за легитимноста на изборите

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи