ВИДЕО – Смеење до солзи, се подготвува новата претстава на „Чин 4 Сцена 5“ – „Викенд на мртовци“

Смеење до солзи и одлична атмосфера, ова го ветуваат од училиштето за театар „Чин 4 Сцена 5“ кои по повод своето 12 годишно постоење на 19 март ќе ја постават претставата „Викенд на мртвоции“ од Миле Попоски.

 

 

„Како да не поминале толку многу години, како времето да застанало во таа позитивна атмосфера во која некој членови си заминаа и мислам дека чувството е прекрасно, евоцираме спомени додека работиме, се посетуваме на моментите кога работевме во мизерни, никакви услови, наспроти сегашните услови. А помладите членови на аматерскиот театар гледаат како може да се одржи едно долгогодишно пријателство бидејќи овде меѓу нас имаме кумови, девери, на еден начин и роднински се поврзавме нииз годините“, вели Саша Нацевски, раководител на училиштето за театар „Чин 4 Сцена 5“.

 

Интересно е што во претставата играат ветераните на „Чин 4 Сцена 5“, кои можеби скоро 10 години немаат воошто глумено, заедно со сегашните активни членови на училиштето.

 

„Јас нема глумено веќе 6-7 години. Сега се обединивме повторно со идејата на Саша за да ја прославиме годишнината. Многу ми е милп што се собравме така поголем дел од ветераните, се трудиме нешто да создадеме. Последната претстава пред да си заминам од тука ми беше „Викенд на мртовци“ и пак бев Тасе. Соработката со помладите колеги е одлична“, вели Александар Димчески, актер.

 

„Порано поинтензивно се среќаваме, сега секој обврски се среќаваме 2 пати неделно, но подолги се пробите така што ќе стигнеме. Иако одамна немам глумено исто како порано е се, како да не завршиле средбите, како да немало пауза. Публиката може да очекува одлична претстава. Младите колеги се одлични имаат добар потенцијал“, рече Сузана Ванеска Вељаноска, актер.

 

Помладите актери велат дека атмосферата на пробите е одлична и дека очекуваат урнебесна претстава. Проби имале два пати во текот на неделата.

 

„Пробите течат во одличен тек, ветераните како што ние си ги нарекуваме ни носат една нова енергија и е многу интересно на пробите. Сето тоа оди брзо и интересно, претставата ја подготвуваме со голем елан и мислам дека ќе биде нешто многу добро“, истакна Димитар Паскоски, актер.

 

Од „Чин 4 Сцена 5“ очекуваат оваа претстава да ја одииграат повеќе пати, а сите собрани средства од влезниците да ги донираат во хуманитарни цели.

 

„Идејата ни е да воспоставиме контакт со Стопанската комора на град Прилеп и поддршката која ја очекуваме од Општина Прилеп да изиграме 15-тина пати во големата сала на Домот за култура „Марко Цепенков“ и при тоа да се собере една солидна сума на средства бидејќи цената на билетот ќе бидие 100 денари. Средствата ќе одат на 3 места. Првото место е да се инсталира лифт за лицата со посебни во Домот за култура „Марко Цепенков“ за да може тие да стигнат до големата сала. Второто место е дневниот центар Ѕуница за деца со посебни каде се планира промена на дограмата. И третото место е набавка на комјутери за посебните паралелки при ООУ „Климент Охридски“, додаде Саша Нацевски, раководител на училиштето за театар „Чин 4 Сцена 5“.

 

Според атмосферата што можеше да ја забележи нашата камера на пробите за оваа претстава ова ќе биде настина урнебесна комедија со смеење до солзи. Затоа бидете во тек и навреме резервирајте си карти.

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien