Во Прилеп одбележани 101 година од раѓањето на Кире Гаврилоски – Јане

Со положување свежо цвеќе пред споменикот на Кире Гаврилоски-Јане на алејата на народните херои и пред спомен плочата на неговата родна куќа, денеска делегации од Општина Прилеп, претставници и ученици од основното училиште „Кире Гаврилоски  – Јане“, одбележаа 101 година од раѓањето на народниот херој. Учениците и наставните од училиштето „Кире Гаврилоски – Јане“, подготвија и кратка пригодна програма, со што го збогатија чествувањето на споменот за патронот на нивното училиште.

 

„Денеска, 22 февруари, 2019 година, прославуваме 101 година од раѓањето на нашиот патрон „Кире Гаврилоски – Јане“. Во таа чест, претставници од Советот на Општина Прилеп, претставници од семејството на Кире Гаврилоски – Јане, ние наставниците и учениците од основото училиште, подготвивме кратка пригодна програма, а секако и положивме цвеќе на Могилата на неподените и на спомен плочата“, истакна директорката на училиштето, Кети Стевананџија.

 

 

 

 

Во врска со плановите и градежните работи, директорката Ставананџија потенцираше дека во ООУ „Кире Гаврилоски – Јане“ постојано се гради и се подобруваат условите, а  дека учениците во континуитет постигнуваат големи успеси, преку голем број на награди.

 

„Реконструкците на горниот кат од училиштето и на санитарните јазли, се целосно завршени. Исто така, неодамна се пофаливме дека добивме машина за темелно чистење на ходиниците, а веќе повторно бараме финансиски средства за долниот спрат, односно за приземјето, со што ќе биди направена целосна реконструкција на училиштето. Она што ни е најважно и она што е нашата цел, е да изградиме фискултурна сала.  Оваа година се надеваме дека ќе влеземе во тие 70 училишта, во кои преку Министерството за образование ќе се направат спортски сали. Документите се целосно подготвени и средени, а во моментот очекуваме одговор“, посочи директорката Стевананџија.

 

 

 

 

Инаку во мај 1944 година во Прилеп Гаврилоски остварил средба со Круме Волнароски и со други делегати, со цел да се создаде фронт за ослободување на Македонија. По средбата Гаврилоски и Волнароски останале во куќата, каде што бил состанокот. Бугарската полиција дознала за средбата и ја опколила куќата. По повиците да се предадат или куќата ќе биде запалена, Гаврилоски и Волнароски решиле да се борат до крај. Волнароски бил погоден на кужниот праг, но Гаврилоски не се предавал и извикувал антифашистички пароли. Куќата била запалена, а Гаврилоски низ пламените пукал кон полицијата. Последниот куршум го чувал за себе. Погинал на 9 мај 1944 година година, а за народен херој на Југославија бил прогласен на 11 октомври 1951 година.

 

За нивната смрт е обвинета и осудена на смрт Вера Ѕвездова, која ги предала Кире Гаврилоски – Јане и Круме Волнароски – Коле на бугарските власти. Смртната пресуда на Воениот суд на Битолската воена област е извршена во пролетта 1945.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien