По 38 години повторно најдена најголемата пчела на светот

Откако 38 години се сметаше за исчезната, најголемата пчела на светот е повторно пронајдена во Индонезија. Се работи за  Валасовата џиновска пчела, чиј примерок, последен пат бил забележан во 1981-та година. Голема е колку палец на возрасен човек и е пет пати поголема од домашната пчела.

 

Ја пронашол тим од јужноамерикански и австралиски биолози, сместена во гнездо на термити на дрво.

 

„Беше неверојатно да се види овој летечки булдог од светот на инсектите, за кој не бевме сигурни дали се уште постои, да се види колку е навистина голем“, изјавил фотографот Клеј Болт.

 

 

Науката првпат се запознала со неа во 1858 година, кога британскиот истражувач Алфред Расел Волас ја открил на тропскиот индонезиски остров Бакан, опишувајќи ја како „голем, црн инсект налик на оса, со челусти како на елен буба“. И покрај големината, малку се знае за неа и за нејзиниот животен циклус, што вклучува правење гнезда во активни живеалишта на термити.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien