ВИДЕО – Во Прилеп се отвори „Центар за рехабилитација на жртви од тортура“, единствен во Македонија

Во Прилеп се отвори „Центар за рехабилитација на жртви од тортура“, единствен од ваков тип во Македонија, која на жртвите и нивните семејства сместени коии биле подложени на тортура во државни институции, како затвори, старски домови, домови за деца без родители, психијатриски болници и други државни установи, ќе им нуди бесплатна правна помош и психолошко советување.  Од 1 јануари до сега биле детектирани 3 случаи на тортура.

 

 

Со жртвите ќе работат различни профили на луѓе како психијатри, психолози, доктори, правници, овозможени се амбуланстки лекувања, процесуирање на сите процеси на суд, нивно застапување, а еднаш годишно треба да поднесеме и извештај за состојбата до ОН“, изјави Гоце Тодороски, извршен директор на ЦГИ.

 

„Ние соработуваме со сите државни институции како министерството за правда, Управата за извршување на санкции, Министертсвото за труд и социјална политика, затворите“, рече Кристина Павлоски, психолог.

 

Проектот го спроведува Центарот за граѓанска иницијатива од Прилеп, а истиот е поддржан од ЕУ.

 

„Овој проект доаѓа во вистинско време кога Македонија се соочува со процес на евро интеграции и кога прашањето за човековите права е горлив проблем и за вашата земја“, истакна Фрик Јанмат, претставник на ЕУ.

 

Партнер на овој проект е организацијата ИАН од Србија.

„Тортурата ја нанесуваат службени лица или некој кој делува во негово својство или тој што ја наредува и тој се смета како сторител. Дури и неинтервенирањето на полицијата при пријава на семејно насилство се смета за тортура“, рече Јелена Лончаревиќ, ИАН Србија.

 

Проекот се реализира и во Србија и истиот ќе трае до 2020 година.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien