Државна награда за човекови права „Мето Јовановски“

На  Меѓународниот ден на човековите права – 10 Декември оваа година првпат треба да биде доделена државна награда за човекови права „Мето Јовановски“.

 

За да се обезбедат средства за  новата државна награда, Владата на 123-тата седница го разгледа текстoт на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за државните награди.

 

Новата државна награда е именувана по Мето Јовановски (1928-2016), писател и прв претседател на Хелсиншкиот комитет за човекови права и еден од основачите на невладината „Транспарентност – нулта корупција“.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien