ВИДЕО – Бројот на пожари во Прилеп зголемен за 40%, месечно имало по околу 100

Во споредба со ланската година, бројот на пожари во Прилеп е зголемен за 40%. Оваа година имаме по околу 100 пожари месечно, а лани биле 70-80 пожари по месец. Ова денеска на прес конференција го истакна Виктор Стојчески, командир на прилепската противпожарна единица. Најмногу биле пожарите во урбана средина, поради ненавремено исчистени оџаци, а во селата поради палењето на стрништа, особено кај ридовите и шумскиот терен.

 

 

„Причината е неодговорноста кај луѓето, целта е да се подигни свеста кај граѓаните, затоа што тоа е општествено добро за граѓаните во општината, а и пошироко. Казнената политика како средство е неблагодарна, но влијае. Сепак мислам дека прво треба да се подигне свеста кај граѓаните, како прво и основно средство, а ако тоа не е можно, тогаш се оди на казнени мерки. Во овие два месеци, во поглед на казните, не е ништо превземено. Затоа е и целта на овој апел, да не се продолжува понатаму, за да не се применуваат казнените политики“, вели Стојчески.

 

Стојчески апелира сите домаќинства кои што користат огревно дрво редовно да вршат контрола на исправноста на оџаците, т.е. редовно да се чистат. Електричните апарати да се исклучуваат при напуштање на просторијата.

 

„За во руралните средини, поточно во атарите на селата да се внимава да не се палат стрништа, треви. Ако веќе истото се врши, да биде на одговорност на самите извршители. Ова е со цел да не се вршат непотребни интервенции од наша страна, затоа што сме изложени на непотребен ризик, нашите камиони се уништуваат непотребно, така да се создаваат проблеми во работата на ТППЕ“, додава Стојчески.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien