Најмало роденото бебе во светот пуштено од болница

Момченцето коешто пред неколку месеци во Јапонија се роди со само 268 грама, пуштено е дома, пренесува Ројтерс повикувајќи се на извори од универзитетската клиника Кеио, во Јапонија.

 

Бебето беше родено со царски рез во август откако било утврдено дека за време на бременоста не ја зголемува тежината. Лекарите оцениле дека неговиот живот е во опасност и веднаш хируршки интервенирале.

 

Момченцето следните месеци ги поминало на интензивна нега сè додека не направило 3,2 килограми. На 20 февруари го пуштиле дома.

 

„Благодарна сум што тој порасна бидејќи, искрено, не бев сигурна дали ќе преживее“, изјавила мајката.

 

Инаку, ова е светски рекорд да преживее машко бебе родено со толку мала тежина. Претходно рекордот го имаше момче од Германија, родено 2009 година, со тежина од 274 грама. Кај девојчињата рекордот го држи исто така бебе од Германија, кое се родило во 2015 година со тежина од само 252 грама.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien