Невин одлежал 39 години во затвор, сега ќе добие 21 милион долари оштета

Ветеранот од Виетнамската војна, Крег Кули минал цели 39 години во затвор поради двојно убиство, кое не го направил.

 

Бил ослободен дури откако биле направени ДНК тестови најдени на местото на злосторството во близина на Лос Анџелес во местото Сами Вали, поради што како обештетување за повеќедеценискиот престој во затвор добил 21 милион долари.

 

Кули во 1978 имал 31 година и се подготвувал да ја раскине врската со Ронда Вичт, самохрана мајка која живеела во Сами Вели. Кога ги нашле нејзе и нејзинот синче задавени во станот, Кули бил првиот осомничен. Сведок го видел него и неговиот камионет пред станот на жената.

 

Тој бил осуден на доживотна казна затвор без можност за помилување. Но неговиот случај неодамна дојде до рацете на детективот Мајкл Бендер, кој успеал да докаже дека доказите се контрадикторни и дека Кули е невин.

 

Кули тоа го тврдел 39 години, а  во затворот успеал да студира и да се стекне со две дипломи.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien