Објавен списокот со лектири за основно образование

Бирото за развој на образованието го објави новиот список на задолжителни и изборни лектири кој ќе важи од наредната учебна година. Списокот содржи листи за задолжителна и изборна лектира за секое одделение, од второ до деветто.

 

Минатата година беше објавен јавен повик за ревидирање на списокот за лектири. Во изборот учествуваа наставници, родители, издавачки куќи, Друштвото на писатели на Македонија и професори од катедрите за книжевност при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје и од Институтот за македонска литература.

 

До Бирото за развој на образованието стигнаа многу предлози, а деновиве конечно е објавен новиот список. Меѓу новите наслови кои се на списокот се „Кифличката Мирна“ од Оливера Ќорвезироска, „Легенди за Марфи Компирката“ од Овен Колфер, „Скокни – прескокни“ од Васил Мукаетов…, а за девето одделение како задолжителна лектира вратена е и светската класика „Малиот принц“ од Антоан де Сент Егзипери.

 

Списокот на лектири е сменет и дополнет и за наставата на албански, турски и српски јазик.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien